Џафери до пратениците ги доставил барањата од Министерството за локална и ЗЕЛС

11.05.2017 13:27

Како што стои во дописот, ова прашање исклучиво е во надлежност на Парламентот и бара итно усогласување на сите парламентарни политички партии за измени во Изборниот законик...

Барањата на Министерството за локална самоуправа и на ЗЕЛС, Собранието да најде решение за надминување на состојбата поради неодржувањето на локалните избори, како што соопштува собраниската прес- служба, Талат Џафери ги доставил до пратениците.

Како што стои во дописот, ова прашање исклучиво е во надлежност на Парламентот и бара итно усогласување на сите парламентарни политички партии за измени во Изборниот законик, но и на сите други активности кои се однесуваат на постапката утврдена во собранискиот Деловник, основањето на сите собраниски работни тела, но и постапката за разгледување и донесување на законите.