Судењето за „Диво насеље“ продолжува со презентација на ПИМ доказите

11.05.2017 14:20

По презентацијата на посебните истражни мерки, судењето ќе продолжи со предлагање на докази од страна на одбраната.

Продолжува судењето за случајот „Диво насеље“, на кое Обвинителството презентира докази обезбедени со посебни истражни мерки за следење на комуникацијата на обвинитите. Судењето е затворено за јавноста бидејќи се презентираат класифицирани материјали.

По презентацијата на посебните истражни мерки, судењето ќе продолжи со предлагање на докази од страна на одбраната.

Пред две години во куманвската населба „Диво насеље“ во престрелка меѓу припадници на плицијата и вооружена група, загинаа осуммина полицајци и десетмина припадници на вооружената група.