Џафери: Да работиме на враќање на принципите на парламентарна демократија

11.05.2017 14:42

Наша обврска како собраниско мнозинство е да работиме на враќање на принципите на парламентарната демократија со крајна цел забрзување на евроинтеграциите, вели собранискиот спикер Талат Џафери. Се надева дека со неговиот избор, конституирањето на собранискиот состав, како што рече и наскоро изборот на новата влада, државата ќе се врати на својот пат кој води кон создавање функционална држава со самостојни и функционални институции.

Основен проблем во функционирањето на Собранието е односот меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата. Таа не треба да се гледа како политички противник. Важна е нејзината улога во собраниските процеси, вели претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери. Тој смета дека кризата е резултат на недоволно изразената надзорна функција на Парламентот врз извршната власт.

Од мониторингот врз работата на Собранието, МОСТ со забелешка дека биле донесувани многу закони и измени по скратена постапка. Лани биле донесени 13 нови и 326 законски измени и дополнувања. 70 насто биле во скратена постапка.

Во донесувањето на законите е неопходен придонес на експертите и учество на граѓаните во креирањето, а не нивно брзо носење, вели универзитескиот професор Беса Арифи.

Транспарентноста на Парламентот е клучна работа, вели директорот на Националниот демократски институт.

Дебата за законски решенија за подобар индекс на одговорност, транспарентност и продуктивност на Законодавниот дом, крајна цел на проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“.

 

Наташа Гркова- Петрушевска