Најавена координација на парламентарните партии

15.05.2017 08:08

Џафери во 10 часот закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии, за датумот за локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието, бидејќи како што соопштија, Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието во законска процедура.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во 10 часот закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии, за датумот за локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието, бидејќи како што соопштија, Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието во законска процедура.

Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува денеска. Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за продолжување на нивниот мандат и топката ја префрли во Парламентот.

Од ВМРО-ДПМНЕ понудија три датуми како можност за оддржување на локалните избори. Првиот, според нив е 2-ри јули, а во игра се и 17-ти или 24-ти септември, а како краен рок партијата го понуди 15-ти октомври.

Според лидерот на СДСМ, Заев, локалните избори, може да се закажат за есенва или идната пролет.

Од Заедницата на единиците за локална самоуправа апелираат што е можно побрзо да се одржи собраниска седница и да се најде решение за непречено функционирање на општините.