Осма генерација питомци за воени пилоти

15.05.2017 15:20

Во Центарот за обука на пилоти почна да се школува новата генерација питомци. Од пријавените 80 кандидати, 6-мина најдобри во наредните 18 месеци ќе ги усовршуваат знаењата од воздухопловството.

Детскиот сон, желбата и мотивацијата преовладаа. Дојдов тука и ќе се посветам на она што навистина го сакам и верувам дека резултатите сами по себе ќе дојдат, вели Леонид Ристановски. Дипломиран економист, три години работел во тоа поле, професионален спортист во мал фудбал, дел од репрезентацијата на Македонија. Сепак, не се откажал од она што го посакувал од мали нозе. Неговиот сон полека се остварува.

За оваа генерација се пријавиле 80 кандидати. 6- мина ја започнуваат обуката за воени пилоти. Обуката ќе трае 18 месеци.

Интрукторите велат дека теоретската подготовка е важна, но сепак најважно е она што се случува внатре во авионот. За овие 6 кандидати сметаат дека  имаат капацитет и способност за успешно да ја поминат целокупната обука.

Центарот за обука на пилоти останува отворен, следниот конкурс завршува во септември.

„По 5 години активност низ нашиот селективен процес поминаа повеќе од 400 кандидатии. Сега вие шестимна сте дел од тие одбрани луѓе. Многу малку положија. Од денеска вие ќе бидете школувани да станете квалификувани хеликоптерски пилоти“, изјави Јаари Шрага- директор на Центарот за обука на пилоти.

Тројца од оние кои ќе ја почнат обуката имаат завршено на цивилните универзитети, а тројца на Воената Академија. Има голем број на пилоти од други држави кои доаѓаат на обука во центарот.

Ана Јосифоска- Тодоровска