„За заедничка Македонија“: Иницијатива до Уставен суд за изборот на Џафери
Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе поднесат иницијатива пред Уставниот суд за изјаснување по однос на уставноста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Како што велат - продолжува битката за зачувување на унитарноста на државата.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најави дека утре ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Според нив, судот чесно и професионално ќе ја заврши својата работа и нема да дозволи кршење на Уставот.
Богдан Илиевски, рече дека се свесни за должноста на претседателот на државата се до судската потврда за нелегалниот избор на Џафери, најавените писмени гаранции кои ќе ги бара од мандатарот, да инсистира на најцврста формулација со која ќе се гарантираат независноста и унитарноста на Македонија.
Борис Дамовски, пак, истакна дека нивното движење ги менува и засилува формите на отпор не само преку протести, туку и преку други механизми кои ќе почнат да ги употребуваат.
Од „За заедничка Македонија“ на 78-миот ден од почетокот на протестните активности најавија дека новата форма на дејствување ќе биде клучно оружје во периодот кој претстои.
Наташа Јанчиќ
