Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со најголема поддршка за локалните избори
ВМРО-ДПМНЕ со најголема поддршка, по него СДСМ, па ДУИ и БЕСА- вакво е рангирањето на партиите на анкетата на ИРИ кога се во прашање локалните избори. Партијата на Груевски има водство пред онаа на Заев и за предвремени парламентарни избори.

61 проценти од испитаниците се изјасниле дека ќе излезат на локалните избори- 28 насто би го дале гласот за ВМРО- ДПМНЕ, 16 за СДСМ, ДУИ би добила поддршка од 8 насто, беса 7, Алијансата за албанците и ДПА по 2 насто, а за гром и ЛДП би гласале 1 насто од граѓаните, покажуваат резултатите од најновата анкета на Меѓународниот републикански инстут, ИРИ.
44 насто од испитаниците сметаат дека треба да се оддржат предвремени парламентарни избори, 41 процент дека не треба, а 15 насто не знаат.
Доколку има предвремени парламентарни избори, резулатите од анкетата покажуваат дека најмногу гласови би добила ВМРО-ДПМНЕ, 27 насто, за СДСМ би гласале 17 проценти, по 7 би добиле ДУИ и БЕСА, и по 2 насто за Алијансата на албанците и за ДПА.
На прашањето кои се двата најсериозни проблеми со кои се соочува Македонија, 45 насто од анкетираните одговориле дека тоа се моменталната политичка состојба и политичката криза, за 37 насто од испитаниците тоа е невработеноста, 23 насто сметаат дека најсериозен проблем е лошиот стандард на живеење, а за 18 насто- економската криза. За 7 проценти проблем е националното неединство предизвикано од Тиранската платформа.
На прашањето на ИРИ дали претседателот Иванов треба да го даде мандатот за формирање на владата на новото парламентарно мнозинство, 58 насто од испитаниците одговориле позитивно, а против се изјасниле 22 насто од испитаниците.
Анкетата на Меѓународниот републикански институт ИРИ е спроведена врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4-ти до 12-ти март годинава.
Викторија Милевска
