Врховен суд ќе ја разгледува работата на судовите во 2016
16.05.2017 08:48
Согласно Деловникот за работа на Врховниот суд, покрај судиите на Врховен на седницата ќе присуствуваат претседателот на Вишиот управен суд...

Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи проширена Општа седница на која ќе бидат разгледани извештаите за работа на судовите за 2016 година.
Согласно Деловникот за работа на Врховниот суд, покрај судиите на Врховен на седницата ќе присуствуваат претседателот на Вишиот управен суд, претседателите на Апелациските судови Скопје, Битола, Гостивар и Штип, а поканет е и претседателот на Судскиот совет на Република Македонија.
