Истече мандатот на локалните власти
Од денеска градоначалниците на општините во земјава ќе работат без мандат, изјави претседателот на заедницата на единиците на локалната самоуправа, Коце Трајановски. Тој упати барање до политичките партии во Собранието за поскоро донесување закони за нивно функционирање до следните избори.

Градоначалниците со недвосмислен став меѓу нив- што поскоро да се состане Парламентот и да се донесат измени во Законите за избори и локална самоуправа за да се одблокира фунционирањето на општините. Ова е заклучокот од состанокот на управниот одбор на ЗЕЛС.
Во ваква состојба не може долго да се издржи и затоа мора да се изнајде решение- потенцираше градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Градоначалниците го поздравуваат начелниот договор меѓу партиите, изборите да се одржат во првата половина на октомври.
Од ЗЕЛС потенцираа дека доколку во скоро време не се реши состојбата, во прашање се доведува фунционирањето на институциите кои се под општинска капа, од образовните, преку пожарната служба до општинската администрација.
Миле Ристески
