Израелска компанија откри нова верзија на вирусот „Wanna Cry“

16.05.2017 10:38

Компаниите за кибернетичка безбедност „Симантек“ и „Касперски“ откриле дека дел од кодот на претходните верзии на „Wanna Cry“ бил користен од групата „Лазарус“, која според истражувачите од многу земји е раководена од Северна Кореја.

Израелска компанија за информатичка технологија откри нова верзија на вирусот  „Wanna Cry“ со кој беа хакирани компјутерски системи во 150 земји. 

Компаниите за кибернетичка безбедност „Симантек“ и „Касперски“ откриле дека дел од кодот на претходните верзии на „Wanna Cry“ бил користен од групата „Лазарус“, која според истражувачите од многу земји е раководена од Северна Кореја. 

Од компанијата „Волт Дизни“ изјавија дека хакерите украле и необјавен филм за кој бараат огромен откуп.