Врнежите ќе ги зголемат водостоите, нема опасност од излевања
16.05.2017 11:02
Кај поголемите водотеци, иако се очекува зголемување на водостојот, нема опасност од излевање.

Доколку најавените врнежи дожд во текот на денов бидат поинтензивни и наместа поројни, се очекува брзо да го зголемат водостојот на реките со помали сливни површини и суводолиците, соопшти УХМР.
Кај поголемите водотеци, иако се очекува зголемување на водостојот, нема опасност од излевање.
Хидролошката состојба засега покажува намалени нивоа на реките во Македонија во однос на просекот за мај.
