Најмногу пријави за психичко семејно насилство
По околу 1.000 лица годишно, од кои најголемиот број се жени во изминатите три години се јавиле на СОС линијата да пријават семејно насилство. Според податоците на кризниот центар „Надеж“, 94 проценти од жртвите се жени, а само 4 проценти се мажи.

Лани најмногу пријави имало за психичко семејно насилство, потоа за физичко, економско, сексуално. По околу 1.000 лица годишно во изминатите три години се јавиле на СОС линијата 15-315 да пријават насилство во домот.
Според податоците на кризниот центар „Надеж“ во чии рамки функционира оваа СОС линија, поголемиот број од жртвите кои пријавиле насилство се на возраст од 40 до 50 години. Најголем број од нив, или 56 проценти биле во брак.
Оние кои пријавуваат насилство добиваат психосоцијална помош и советување, а се водат и едукативни сесии со жртвите кои имаат цел поддршка и јакнење на жената при донесување на одлуките за иднината.
Повеќето од случаите биле пријавени од самите жртви. Најголемиот дел од нив се жени- 94 проценти, а само 4 проценти се мажи.
Наташа Јанчиќ
