МЛС: Инспекторатот за локална самоуправа нема надлежност да толкува закони
Министерството за локална самоуправа смета дека е крајно непринципиелно целата ситуација дополнително да се комплицира со различни толкувања на законите...

Инспекторатот за локална самоуправа нема надлежност да дава автентично толкување на законите, меѓу кои и на Законот за локалната самоуправа, наведуваат од Министерството за локална самоуправа во реакција на денешното соопштение од Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Министерството за локална самоуправа смета дека е крајно непринципиелно целата ситуација дополнително да се комплицира со различни толкувања на законите, сега кога зад итното решавање на ова прашање застанаа парламентарните политички партии и постигнаа согласност за терминот на одржување на изборите, како и за продолжување на мандатите на градоначалниците и на членовите на советите со измени на изборниот законик, стои во реакцијата.
