За 24 години над 20.000 повици на СОС линијата на Меѓаши
„Секое дете има право да биде сослушано и да го искаже своето мислење“ ова е пораката со која Меѓаши го одбележаа меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот. Во текот на 24 години од работата на СОС телефонот за деца и млади, при првата детска амбасада во светот Меѓаши регистрирани се 20.537 повици. Од таму велат дека забележуваат институционална нефункционалност во заштита на најдобрите интереси на децата.

Сѐ поголем е бројот на повозрасни малолетници кои сексуално злоставуваат помали, покажува СОС телефонот на Меѓаши. Според Првата детска амбасада во светот, потребно е институциите постојано да бидат будни. Апелираат на хемиска кастрација за педофилите бидејќи практиката покажува дека поголем број од нив го повторуваат делото.
Во текот на 24 години од работата на СОС телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот, Меѓаши се регистрирани 20.537 повици. Различни приказни. Секоја со своја тежина.
Од Меѓаши го презентираа извештајот за работата на СОС телефонот за периодот од ноември 2016-та до мај 2017-та година.
Од Првата детска амбасада апелираат, при бракоразводните постапки е потребно старателството да го имаат двајцата родители.
Ана Јосифоска- Тодровска
