Случувањата во Македонија во фокус на грчките медиуми
Кремлин и Пекинг пренесуваат пораки до Скопје во кои што нудат мир и просперитет за разлика од Западот, чија што цел е да ја распадне земјата и да креира голема Албанија, токму поради нелегалните планови на НАТО...

Состојбата во нашата земја е одблизу набљудувана од страна на кинеската дипломатија и тајни служби, поради кинескиот план за конструкција на железницата Патот на свилат – информираат дел од грчките медиуми за неодамнешниот самит во Пекинг.
Грчкото информативно онлајн издание „Пентапостагма“ соопштува дека Русија и Кина планираат и други големи проекти што ќе го опфаќаат коридорот на железницата, која што ќе се гради на оската Пиреја, Скопје, Белград и Букурешт.
Кремлин и Пекинг пренесуваат пораки до Скопје во кои што нудат мир и просперитет за разлика од Западот, чија што цел е да ја распадне земјата и да креира голема Албанија, токму поради нелегалните планови на НАТО. Дебело опасна игра се игра во п ј Р Македонија од неодамна, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина во малата земја што претставува порта кон централна Европа. За Москва, пј Р Македонија е едно од најважните места за контрола на гасоводот Турски тек и ако Зоран Заев успее да дојде на власт, тој ќе претставува сериозен ризик за овие планови, пишува „Пентапостагма“.
Порталот информира и дека поради овие кинеско-руски планови за земјата, се вмешаа и Американците, кои што го притискаат шефот на државата Ѓорге Иванов да му го даде мандатот на Зоран Заев, кој што, како што се наведува “има скриена агенда со Албанците“.
Москва и лично претседателот Владимир Путин, ја имаат првата голема битка против САД и ЕУ во пј Р Македонија, чиј исход ќе ја пресуди иднината на Русија во Балканот и Европа во целина, се заклучува во анализата.
Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ
