Могерини и Хан го поздравија доделувањето на мандатот

17.05.2017 15:37

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во заедничка изјава ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му додели мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање влада.

Европската унија ја поздравува одлуката на претседателот Иванов да му даде мандат за формирање влада на Зоран Заев.

„Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, со што земјата конечно ќе може да излезе од политичката криза, и очекуваме брзо формирање на влада посветена на спроведување на сите делови од договорот од Пржино, како и приоритетните итни реформи“, се вели во писмената реакија на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Европските претставници ги повикуваат сите политички партии, настрана да ги стават нивните поделби и заедно да работат на заедницката агенда за реформате со цел, земјата да се врати на патот на евроатланската интеграција.

Европската унија изрази подготвеност да ја поддржи новата влада во своите реформски напори.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ