58 години од лавините во Маврово
На денешен ден во месноста Стрезимир под снежни лавини загинаа 52 лица, градители на хидроенергетскиот систем во Македонија. Оддадена е почит во близина на браната на Мавровско Езеро.

Поминаа 58 години од далечната 1956 кога на денешен ден во природна катаклизма во месноста Стрезимир под снежните лавини животот го загубија 52 лица, градители на најсложениот хидроенергетски систем во Македонија- Мавровските хидроцентрали, и граничари од сите краеви на поранешна Југославија.
Како и секоја година, вработените во хидроелектричните централи Маврово кои работат во сосатав на ЕЛЕМ, на споменикот во Маврови Анови во близина на браната на Мавровското Езеро им оддадоа почест на загинатите градители и граничари.
„Собрани сме и денес да им оддадеме почит на загинатите, кои со својот беспрекорен ангажман придонесоа за изградба на еден од гигантите на државата, за изградба на Мавровскиот хидроенергетски систем“, рече Александар Левковски директор на ХЕЦ Маврово.
Во спомен на загинатите градители и граничари на терените на Бистра, традиционално се одржува мавровскиот меморијал во скијачко трчање.
Емил Јовановски
