Продолжуваат преговорите за формирање нова Влада и за распределба на ресорите

23.05.2017 14:21

Викендот мандатарот Заев го заокружи првиот круг од разговорите со Ахмети, Села и со Касами.

Лидерот на СДСМ и мандатор за нова влада, Зоран Заев најави дека денеска почнуваат разговорите со партиите кои треба да бидат дел од владата, за распределба на ресорите.

Викендот мандатарот Заев го заокружи првиот круг од разговорите со Ахмети, Села и со Касами. Се разговарало за првичните позиции за ресорските решенија и принципите за формирањето на владата.

Заев вели дека интензивно се работи за формирање на извршната власт и дека се приближени ставовите.