ВМРО-ДПМНЕ: Лагите излегуваат на површина
Од партијата сметаат дека откажувањето од Тиранската платформа за Села, би било како да се откаже од иднината на неговите деца.

Коалицискиот партнер на Заев, Зијадин Села, изјави дека ниту потпишал, ниту има намера да потпише или почитува гаранција побарана од претседателот Иванов, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата сметаат дека откажувањето од Тиранската платформа за Села, би било како да се откаже од иднината на неговите деца.
Зоран Заев ќе мора да избере дали ќе остане на гаранцијата дадена пред претседателот Иванов и граѓаните и ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето резолуција за геноцид врз Албанците, или ќе си го погази зборот и ќе тргне во реализација на ветувањата дадени пред лидерите на албанските партии, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
