Условни казни за деветмина обвинети за нередите во Собранието
Во судницата тие се изјаснија за виновни. Се товареа за делото, учество во толпа, што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.
Изречени пресудите за деветмина обвинети за настаните во Собранието. Сите добија условни казни. Првоoбвинетиот доби една ипол година условно, ако за пет години не го повтори делото, а преостанатите по шест месеци, ако не го повторат делото во рок од една година.
Во судницата тие се изјаснија за виновни. Се товареа за делото, учество во толпа, што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.
На осуммина обвинети на денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд им беше изречена условна казна од шест месеци доколку не го повторат делото во рок од една ипол година.
Судот притворот им го укина и на обвинетите на кои претходно им беше изречена таква мерка.
За насилствата во Собранието на Република Македонија осомничени се 30-тина лица.
