Одложено судското рочиште за „Тврдина 2“

23.05.2017 14:41

За 3-ти јули одложена е главната расправа за случајот „Тврдина 2“, бидејќи не бил повикан ниту еден од сведоците.

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложена за 3-ти јули главната расправа за случајот „Тврдина 2“, бидејќи не бил повикан ниту еден од сведоците.

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујоски и уште шестмина вработени во УБК, се обвинети за уништување службена документација поврзана со незаконското прислушување. 

Обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.

Претходно судијката Лидија Петровска ги прифати доказите кои ги достави Специјалното јавно обвинителство со кои го поткрепува обвинението за обвинетите во овој случај.