Ахмети: Делови од декларацијата отворени за дебата
24.05.2017 13:53
Декларацијата на трите албански партии во Македонија нема целосно да биде вклучена во владината програма, изјави Ахмети.
Декларацијата на трите албански партии од Македонија нема целосно да биде вклучена во програмата на новата влада, изјави лидерот на ДУИ Ахмети. Додаде дека сите аспекти од декларацијата ќе бидат отворени за дебата и нема да се држат во тајност бидејќи не претставуваат никаква закана за Македонија.
Декларацијата на трите албански партии во Македонија нема целосно да биде вклучена во владината програма, изјави Ахмети.
Тој рече дека во програмата на новата влада ќе влезат само најважните аспекти за големите реформски приоритети. Според Ахмети, најважно за Македонија е да стане членка на ЕУ и НАТО и да остане стабилна.
