Облачно со локален пороен дожд, град и ветер
24.05.2017 17:05
И денеска времето променливо облачно, попладне нестабилно, со услови за локално невреме, појава на град и засилен ветер. Наместа се очекуваат и над 45 литри на квадратен метар. До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови.

Серија влажни воздушни бранови, променливо облачно и нестабилно, поројни врнежи од дожд и грмежи- стои во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи за деновиве. За утре очекуваат пообилни врнежи, особено во јужните делови, со значително опаѓање на температурите.
Температурата кон викендот ќе биде во благ пораст. Веќе во недела ќе се искачи до 27 степени.
Хидролошката состојба во земјава е стабилна, нивоата на реките не се дратсично променети.
Ана Јосифоска- Тодоровска
