Иванов на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ во Рим

25.05.2017 10:53

Шефот на државата во базиликата „Свети Климент“, ќе положи венец на гробот на Свети Кирил. Македонскиот претседател ќе ги посети и базиликите „Санта Марија Маџоре“ и „Сан Паоло“, кадешто ќе положи цвеќиња на гробот на Свети Павле.

Претседателот Иванов денеска и утре ќе престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица во Ватикан, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

Шефот на државата во базиликата „Свети Климент“, ќе положи венец на гробот на Свети Кирил.

Македонскиот претседател ќе ги посети и базиликите „Санта Марија Маџоре“ и „Сан Паоло“, кадешто ќе положи цвеќиња на гробот на Свети Павле.

Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе присуствува на аудиенцијата кај Папата Франциск.

Во Ватикан ќе се сретне и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.