ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат политичари што лажат кај што ќе стигнат
Секој ден неговите коалициски партнери излегуваат со изјави дека не се откажуваат од Тиранската Платформа, а ниту тој, ниту СДС ги демантираат таквите изјави, стои во дописот.

Доаѓа време за одговори. Граѓаните не сакаат политичари што лажат кај што ќе стигнат. Оправдано се плашат дека Заев е подготвен да ја реазлизира Тиранската Платформа, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за кривични дела што ги извршил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Секој ден неговите коалициски партнери излегуваат со изјави дека не се откажуваат од Тиранската Платформа, а ниту тој, ниту СДС ги демантираат таквите изјави, стои во дописот.
ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните интереси. Разликите меѓу посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ и антидржавното дејствување на СДС се видливи оддалеку.
За поткопувањето на унитарноста на државата се одговара пред законот, но и пред граѓаните на избори, од кои упорно бегаат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат распишување редовни локални и предвремени парламентарни избори.
