Заев: Нова Влада на почетокот на идната седмица

25.05.2017 11:31

Мандаторот посочи дека со останатите партнери е речиси договорено сѐ, освен со движењето БЕСА, но најави дека очекува затворање на списокот на министри до крајот на неделава, односно пред конгресот на СДСМ в сабота.

Продолжуваат разговорите на партиите од парламентарното мнозинство за составот на новата Влада. Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев вели дека консултациите се во полн ек. Се пеглаат одредени разлики во однос на распределбата на ресорите и персоналните решенија.

Посочи дека со останатите партнери е речиси договорено сѐ, освен со движењето БЕСА, но најави дека очекува затворање на списокот на министри до крајот на неделава, односно пред конгресот на СДСМ в сабота.

Заев се надева дека новата Влада ќе биде избрана на почетокот на идната седмица.

По добивањето на мандатот од претседателот Иванов, Заев најави дека владата ќе се формира порано од предвидениот рок од 20 дена, што истекува на 6-ти јуни.