Сирија: Најмалку 35 цивили загинаа во воздушен напад на коалицијата предводена од САД
26.05.2017 12:26
Меѓу жртвите има и пет деца, но повеќето од убиените биле родители на џихадистите, и луѓе со потекло од Сирија и Мароко.

35 цивили загинаа во воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД врз сирискиот град Мејдин под контрола на Исламска држава.
Меѓу жртвите има и пет деца, но повеќето од убиените биле родители на џихадистите, и луѓе со потекло од Сирија и Мароко.
Цел на нападот биле станбени згради. Од почетокот на војната во 2011 година досега загинале над 320 илјади луѓе.
