Непобедливата Санг Хва Ли!
Спринтот во брзо лизгање има своја апсолутна владетелка. Мундијалската првенка Санг Хва Ли од Јужна Кореја го одбрани олимпиското злато...

Спринтот во брзо лизгање има своја апсолутна владетелка. Мундијалската првенка Санг Хва Ли од Јужна Кореја го одбрани олимпиското злато, но од денеска покрај светскиот е и сопственичка на рекордот на Олимпијадите на 500 метри. И тоа двојна, во поединечна трка, затоа што во втората излизга 37.28 или за две стотинки побрзо и вкупно со резултат 74.70 или за пет стоти делови подобро од времињата на Канаѓанката Катриона Ле Меј Доан постигнати во Солт Лејк Сити.
Во ситуација кога потфрлија медалистките од Ванкувер, Германката Џени Волф и Беиџинг Ванг од Кина, до резултати на кариерата долизгаа Русинката Олга Фаткулина која за сребрето беше 36 стотинки побавна и Холанѓанката Маргот Бур која ја освои бронзата со 78 стотинки послабо време од шампионското.
Вредноста на постигнувањето на Бур е во тоа што на најуспешната лизгачка нација во историјата со 90 медали и го донесе првото одличје во женскиот спринт на 500 метри.