ВМРО-ДПМНЕ: Да се распишат локални избори според утврдениот датум
Собранискиот спикер Џафери и СДС ги кочт клучните и неминовни процеси во државата, особено локалните избори, што според оваа партија претпоставува повторно изведување на сценариото од 27-ми април, и продлабочување на кризата.

Лидеот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски бара да се распишат локални избори според утврдениот датум, 15-ти октомври. Ова е неопходно за да функционира непречено локалната власт, односно, да се воспостави нормално работење на градоначалниците и советниците, вели Груевски.
Собранието треба, што побргу да бара излез од кризата во државата, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Собранискиот спикер Џафери и СДС ги кочт клучните и неминовни процеси во државата, особено локалните избори, што според оваа партија претпоставува повторно изведување на сценариото од 27-ми април, и продлабочување на кризата.
СДС и собраниското мнозинство имаат одговорност за оддолжувањето на локалните избори, а граѓаните не смеат да ја плаќаат сметката за економијата што стагнира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
