Индијците под сопственото знаме!
По четири олимписки дена, спортистите на Индија сепак ќе можат да настапуваат под националното знаме...
По четири олимписки дена, спортистите на Индија сепак ќе можат да настапуваат под националното знаме. Поради корупција, Олимпискот комитет на Индија беше супендиран уште во 2012-та година, па спортистите на оваа земја на Свеченото отворање беа преставени, а на почетокот на Игрите во Сочи се натпреваруваа под знамето на интернационалниот олимписки комитет.
Индискиот комитет до Олимпијадата во Сочи не успеа да организира избри за ново раководство и тоа го направи дури пред три дена. Претставниците на ИОК потврдиле дека изборите биле регуларни, па знамето на Индија ќе биде кренато во Олимпиското село. Од Интернационалниот олимписки комитет информираа дека ова е првпат суспензија да биде укината во текот на одржување на Олимпијада.