ВМРО-ДПМНЕ: Осуда за обидот за убиство на Тодоров, одговорност мора да има
На првиот ден од доаѓањето на власт, сведоци сме на подмолен, вооружен напад врз министерот Никола Тодоров. Никола Тодоров благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот, велат од партијата...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди обидот за убиство на Никола Тодоров.
„На првиот ден од доаѓањето на власт, сведоци сме на подмолен, вооружен напад врз министерот Никола Тодоров. Никола Тодоров благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот. СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт. Долго време го напаѓаа и навредуваа Тодоров нарекувајќи го „Министер смрт“. Таканаречената „Шарена револуција“ и СДС долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има“ – се вели во дописот од оваа партија.
За нападот врз Тодоров, реагираа од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои побараа да прекине расправата во Собранието.
