Измените на Изборниот законик го поминаа првиот филтер
Како што образложи еден од предлагачите, Ејуп Аљими, со измените се предлага во преодните одредби да се пролонгираат мандатите на градоначалниците и советите, зашто првичниот рок за одржување на локалните избори беше на 15-ти мај.

Измените и дополнувањата на Изборниот законик по скратена постапка поминаа на првиот филтер на собраниска седница. Пратениците ја изгласаа потребата од донесување на овој закон кој предвидува да се смени членот 16 и се предлага локалните избори за членови на советите и на градоначалниците да се одржат во првата половина на октомври.
Како што образложи еден од предлагачите, Ејуп Аљими, со измените се предлага во преодните одредби да се пролонгираат мандатите на градоначалниците и советите, зашто првичниот рок за одржување на локалните избори беше на 15-ти мај.
Измените во Изборниот законик ќе се расправаат во Комисијата за политички систем и Законодавната правна комисија по што, финалната одлука повторно на седница ќе ја донесе Собранието.
