Берлин од новата Влада очекува да ги спроведе реформите
02.06.2017 09:39
Го поздравуваме изборот на новата Влада во поранешната југословенска Република Македонија. Сега е време да се спроведат реформите- соопшти Министерството за надворешни работи на Германија...

Германската влада очекува новата Влада да ги спроведе реформите коишто се очекуваат од Македонија, а Германија како партнер ќе помогне во тој процес, е пораката од Берлин до официјално Скопје по изборот на новата Влада.
Го поздравуваме изборот на новата Влада во поранешната југословенска Република Македонија. Сега е време да се спроведат реформите. Германија е подготвена да помогне како партнер, објаави на „Твитер“ германското Министерство за надворешни работи.
