Истекува рокот на СЈО за поднесување обвиненија

05.06.2017 10:11

Специјалното јавно обвинителство досега неколкупати побара да се продолжи рокот, но за законските измени е потребно двотретинско мнозинство...

Истече рокот од 18 месеци, во кој Специјалното јавно обвинителство можеше да поднесе обвиненија за 34-те предмети што ги презеде од јавното обвинителство. Најголемиот дел од нив се однесуваа на изборни нерегуларности.

СЈО, предметите и материјалите од Јавното обвинителство и од СДСМ ги доби на 4-ти и на 30-ти декември 2015-та година. На 30-ти јуни, пак, истекува и рокот до кога ова обвинителство може да поднесува обвиненија за предметите, коишто произлегуваат од незаконски прислушуваните материјали.

Претходно, од СЈО соопштија дека по истекот на рокот за покренување обвиненија, се што ќе откријат ќе го предадат на Јавното обвинителство за натамошно постапување.

Специјалното јавно обвинителство досега неколкупати побара да се продолжи рокот, но за законските измени е потребно двотретинско мнозинство, а ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека предвидениот рок од 18 месеци е веќе договорен.