Безбедносни ризици: Нема сериозна закана од тероризам за Македонија и регионот
За Македонија и за регионот во моментов не постои сериозна закана од тероризам, оцена нa меѓународниот безбедносен форум во Охрид, на кој учествуваа 120 професори од 15 држави...

Иако тероризмот сам по себе не е толку моќен, како феномен е доволно способен да ги искористи сите слабости во безбедносните системи на државите. Тоа го покажаа терористичките напади во Велика Британија, Франција и во другите земји, кои во иднина ќе мораат заеднички да се справуваат со оваа сериозна безбедносна закана за Европа.
„Несомнено тероризмот е најголемата безбедносна закана на денешницата. Со конфликтот можеме да се справиме само доколку изградиме единствен став кон него. Поради тоа честопати повторува дека ни преостанува или да дејствуваме заеднички против тероризмот и да преживееме како европејци или да не снема секој поединечно“, изајви Марко Ломбарди-Католички универзитет, Милано.
За Македонија и регионот во моментот не постои сериозна закана од тероризам.
„Денеска и во блиска иднина не постои некоја посериозна закана дека во овој регион ќе се случат некои такви настани. Зошто, затоа што регионот сам по себе е мал, границите си го прават своето, контролата е поинаква. Малите градови полесно се контролираат, големите градови потешко се контролираат. Затоа тие одбираат централни места, главни градови, големи градови, економски центри и т.н.“, вели Никола Дујовски, продекан на Факултетот за безбедност- Скопје.
Се очекува научната конференција преку научни сознанија и искуства да придонесе во дефинирањето на новата генерација безбедносни ризици, при што ќе се разработат соодветни концепти и стратегии за справување со нив.
Сашо Нелоски
