ВМРО-ДПМНЕ: Притисок кон институцијата која треба да ги истражи криминалите за кои се сомничи Заев
Зоран Заев еднаш беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а втор пат награден од Катица Јанева со отфрлање на кривичната пријава против него за случајот „Пуч“- велат од ВМРО-ДПМНЕ...

Зоран Заев во првата изјава како Премиер побара првиот човек на Јавното обвинителство кое го гони за земањето поткуп од едно евро за Вицето да си даде оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. Додаваат дека ова не е ништо друго туку пример на еклатантен притисок и заплашување кон институцијата која треба да ги истражи криминалите за кои се сомничи Зоран Заев.
„Зоран Заев еднаш беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а втор пат награден од Катица Јанева со отфрлање на кривичната пријава против него за случајот „Пуч“. Зоран Заев не може да се помири со фактот дека надлежното Јавно обвинителство не сака да ги следи овие срамни примери и води постапки и за барањето „Поткуп“, но и за изборните измами. За изборните измами јавното обвинителство веќе влезе во Општина Струмица и одзеде бројни материјали кои може да послужат во понатамошната постапка“- изјави Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Антиреформите на Зоран Заев нема да го подобрат животот на граѓаните, како што нема да го подобри животот ниту личната пресметка на Заев со Обвинителството- велат од партијата.
