Мицковски: Заев излажа дека во буџетот се останати само 6 милиони евра

07.06.2017 15:56

Граѓаните очекуваат Република Македонија час поскоро да стане членка на ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетските прашања и без штетен договор кој би бил на грбот на македонскиот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ на прес- конференција изјавија дека е опасно човек како Заев, на неговата позиција да ги релативизира сите прашања и да бега од конкретни одговори и одговорност. Според нив, граѓаните од него не очекувале лаги и манипулации, туку очекувале да им ги исполни ветувањата што ги даваше пред избори. Граѓаните очекуваат Република Македонија час поскоро да стане членка на ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетските прашања и без штетен договор кој би бил на грбот на македонскиот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Заев излажа дека во буџетот се останати само 6 милиони евра. Неговиот министер за финансии се пофали дека на 5-ти јуни се исплатени околу 77 милиони евра од буџетот на име на субвенции, стипендии и пензии. Вистината е дека новата влада на СДС во буџетот доби 130 милиони евра, освен ако Заев не сакаше несвесно да признае дека 124 милиони евра мистериозно исчезнале“, изјави Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицковски нагласи дека Заев лажеше дека јавниот долг изнесувал над 50% од БДП, а дека скриениот долг изнесувал над милијарда евра. Фактичката состојба гласи дека јавниот долг на 30.04.2017 година изнесувал 45,9 %.