Хан: Прибе и експерти на ЕК ќе помагаат на Владата во реформите

07.06.2017 16:26

Овие стручњаци кои наскоро ќе пристигнат во земјата, ќе подготват препораки за прислушуваните комуникации во 2015-та.

Како дел од подготвеноста на Европската унија да работи со новата Влада на реформите, повторно испраќам група независни експерти за владеење на правото што ќе бидат предводени од Рајнхард Прибе, и што ќе помогнат за системски прашања, пишува во соопштението на еврокомесарот за соседска политика и проширување,  Јоханес Хан.

Овие стручњаци кои наскоро ќе пристигнат во земјата, ќе подготват препораки за прислушуваните комуникации во 2015-та. Исто така, Прибе ќе разговара и за пошироките реформи поврзани со Европската унија, при што со новата Влада треба да се определи и соодветен временски распоред.

Ќе работиме и со оваа извршна власт, но и со опозицијата, за да ја вратиме земјата на патот на европската интеграција, пишува во изјавата на еврокомесарот Хан, објавена на неговата електронска страница.