Порој: Се расчистуваат последиците од излевањето на реката
Во Порој и денеска се расчистуваат последиците од излевањето на реката. Дел од селото нема вода за пиење. Има првични проценки од комисиите за штети...

Делот од магистралниот пат Тетово- Јажинце, кај Порој сѐ уште е блокиран. Два дена по невремето и излевањето на Поројска река, селото уште е со низа проблеми. Дел е без вода за пиење и отсечено поради урнатиот мост. Поплавеното земјоделско земјиште не е расчистено.
Градоначалничката Теута Арифи тврди дека се работи со добра динамика.
Според првичните проценки на двете комисии, штети има на околу 50 хектари земјиште, претежно житни и градинарски култури. Се апелира до земјоделците навреме да пријават штети.
На жалбите на локалното население, дека нема доволно механизација за расчистување, транспорт и врски вети дека ќе обезбедат уште камиони и багери.
Според состојбата на терен и динамиката на работите, расчистувањето веројатно ќе потрае уште неколку денови.
Наташа Гркова- Петрушевска
