Средба Груевски- Хан во Брисел

07.06.2017 16:52

„Крајно време е на земјата да ѝ се овозможи почеток на преговори за членство, затоа што се направени многу реформи во сите сектори“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ...

Време е на Македонија да ѝ се дозволи да оди напред во процесот на станување полноправна членка на Европската унија- ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му го пренесе на еврокомесарот за преговори за проширување, Јохаес Хан на средба во Брисел. Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе години направи крупни реформи кои беа поздравувани од Европската унија, и време е тоа да заврши со епилог, нашата држава конечно да ги отвори преговите со ЕУ- истакна Груевски.

Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е дека крајно време е на Македонија да ѝ се овозможи почеток на преговори за членство во ЕУ, затоа што направивме многу реформи во сите сектори. Реформи нови секогаш ќе имаМакедонија направи изминативе 10 години во својот напредок и колку беше онеправдена да не ги почне и заврши досега преговрите, а поради блокадата од јужниот сосед и толеранцијата од ЕУ“, изајви Груевски.

Според Груевски, слична е ситуацијата и со НАТО алијанста, 2008-ма година кога Република Македонија беше на само еден чекор до полноправно членство, беше потврдено дека државата ги имаше исполето неопходините реформи.

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ денеска оствари средби и со европските пратеници Туне Келам, известувачот во сенка за Република Македонија во Европскиот парламент, Едуард Кукан и Андреј Ковачев, на кои се дискутирало за актуелните политички процеси во државата, како и за изнаоѓање на начини за забрзување на евроинтегративните процеси на Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по денешните средби истакна дека партијата останува силна и конструктивна опозиција со јасни и цврсти евроатлански насоки.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ