Македонските археолошки достигнувања презентирани во Белград

07.06.2017 17:18

Презентација на македонската археологија и класична историја во Белград на меѓународниот археолошки симпозиум...

Во САНУ во Белград по повод 70-годишниот јубилеј на Српскиот археолошки институт се одржа Меѓународен симпозиум за праисториска, класична и средновековна археологија со учество на повеќе археолози,  класични историчари и палеонтолози од регионот и пошироко. Покрај можноста да се чујат најновите научни достигнувања на ова поле, учесниците на симпозиумот имаа можност и да ги презентираат своите истражувања.

Најголемо внимание од Македонија предизвика излагањето на нашиот реномиран класичен историчар и проучувач на историјата на античките Македонци, проф. д-р. Наде Проева. Таа ги презентираше најновите и досега непознати сознанија за религијата на античките Македонци.

Покрај проф. д-р. Наде Проева, на симпузиумот од Македонија свои излагања имаа Орданче Петров со темата за античките и средновековни тврдини во Демир Капија, Александра Папазовска со истражувањата за Раното железно доба во Македонија, како и Ленче Јованова Алексова од Музејот на град Скопје и Валентина Тодоровска од срушкиот музеј.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ