Заев в понеделник на средби со Могерини, Хан и Столтенберг
Заев в понеделник во Брисел ќе оствари средби со високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, а во седиштето на Алијансата ќе оствари средба и со генералнито секретар, Јенс Столтенберг...

Претседателот на Владата, Зоран Заев во понеделник, освен во Европската комисија, ќе има прием и во седиштето на НАТО. Заев во Брисел ќе оствари средби со високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, а во седиштето на Алијансата ќе оствари средба и со генералнито секретар, Јенс Столтенберг.
Според најавите, Заев на средбата во НАТО се очекува да биде придружуван и од новата министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, како и од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Во интервју за МРТ, премиерот Заев најави дека во наредните месеци во Mакедонија се очекува генералниот секретар на НАТО, што треба да ја отвори вратата за земјава за полноправно членство во алијансата. Дали тоа ќе биде под референцата „поранешна југословенска република“ или пак ќе има некој друг договор што нема да навлегува во идентитетот на земјата, останува да се види во наредниот период.
„Два се начините- или решение на проблемот, или под привремената референца да влеземе во НАТО, а да продолжиме преговори со Грција, за проблемот Грција што го има со нашето уставно име, и за нашето интегрирање во Европската унија. Реално тие знаат дека подеднакво иста аспирација за нас е Европската унија“, нагласи Заев во интервјуто за МРТ.
Како што веќе најави премиерот Заев, на ова прашање ќе се работи заедно со опозицијата. Ова се однесува и на отворањето на поглавјата со ЕУ.