Мисајловски: Граѓаните очекуваат 500 километри нов автопат, а не лаги

08.06.2017 15:30

Наместо лаги, Заев на граѓаните треба да им ги објасни новите 500 километри автопат кој ќе ги гради во Република Македонија, односно кога ќе ги градат, каде ќе се наоѓаат овие автопати и колку пари ќе чинат...

„Зоран Заев треба да каже до каде се 500-те километри нови автопати кои ќе ги гради во Република Македонија, наместо да се занимава со лаги и измислици“, го прашаа на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, лагите на Заев нема да го подигнат стандардот на граѓаните и нема да го покријат неработењето на антиреформската влада.

„Наместо лаги, Заев на граѓаните треба да им ги објасни новите 500 километри автопат кој ќе ги гради во Република Македонија, односно кога ќе ги градат, каде ќе се наоѓаат овие автопати и колку пари ќе чинат. Тоа е она што ги интересира граѓаните. Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006-та година не наследи ниту еден квалитетен проект за да може да се почне со некаква градба. Токму затоа изминатите години интензивно се работеше и на документација за проектирање, покрај изградбата која е видлива на терен и секако дека може и јавноста да ја види. Дополнително, Заев треба да знае и дека Јавното претпријатие за државни патишта сама ги враќа кредитите и е самофинансирачка институција која има големи средства на својата сметка“- рече Владо Мисајловски на денешната прес конференција.

Заев лажеше за бројот на автопати кои се градат, односно конкретно, дека не се работи на автопатот Кичево- Охрид. Се градат три автопати и ниту еден не е застанат со градба, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.