Државниот завод за ревизија лани доставил седум извештаи до Јавното обвинителство
Државниот завод лани доставил седум ревизорски извештаи до Јавното обвинителство за кои сѐ уште нема целосен одговор. Од Заводот велат дека со ревизијата, има за цел да се информира за состојбата во институциите каде што се врши.

Вкупно 45 ревизорски извештаи биле реализарани минатата година. 36 државни институции биле субјект на ревизија на регуларност додека на шест им била извршена ревизија за успешност, се наведува во извештајот изработен од Центарот за економски анализи и Фондацијата за демократија.
Државниот завод лани доставил седум ревизорски извештаи до Јавното обвинителство за кои сѐ уште нема целосен одговор. Од Заводот велат дека со ревизијата, има за цел да се информира за состојбата во институциите каде што се врши.
Вториот квартален извештај ја опфаќа работата на Заводот за ревизија за првите три месеци од годинава, а се однесува на транспарентноста, перцепцијата на субјектите на ревизија, и медиумите.
Во 2015-та државните ревизори изготвиле 79 ревизорски извештаи со 700 препораки, од кои субјектите кои биле предмет на ревизија спровеле само 147, или речиси четири пати помалку во однос на претходната година.
Од Државнта ревизија посочуваат дека се работи според меѓународните ревизорски стандарди.
Дијана Ценевска
