Манчевски и УПОЗ договорија отворен социјален дијалог и реформи на јавната администрација
Министерот Манчевски, на средбата со претставниците на синдикатот на УПОЗ најави отворен социјален дијалог што ќе овозможи подобрување на условите за работа на администрацијата, но и зголемување на ефикасноста во работењето.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на средбата со претставниците на синдикатот на УПОЗ најави отворен социјален дијалог што ќе овозможи подобрување на условите за работа на администрацијата, но и зголемување на ефикасноста во работењето.
„Овој состанок е почеток на нови разговори со цел изнаоѓање обострано прифатливо решение, без наметнување услови што не би биле прифатливи за вработените во јавната администрација. Од друга страна, заедно ќе работиме на подобрување на ефикасноста на администрацијата, а граѓаните да бидат многу позадоволни од услугите, на што ќе се инсистира во разговорите“, рече Манчевски.
„Она што за синдикатот е најглавно е што со Законот е суспендирано колективното договарање и со таков текст во кој има законски ограничувања не можеме да ги уредуваме правата на работниците со колективен договор“, изјави претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски.
На средбата се разговараше и за воведување на флексибилно работно време, како и за отворање на широка дебата при носењето на новата стратегија за реформи на јавната администрација.
