Груевски на средба со Орбан и со десничарските партии од Балканот
На состанокот на кој Груевски беше придружуван од сопартијците Александар Николоски и Никола Попоски, се разговарало за евро-атлантската интеграција на Балканот, постигнување на стабилност и за глобалните предизвици со кој се соочува регионот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Будимпешта присуствуваше на работен состанок со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со десничарските партии од Балканот.
На состанокот на кој Груевски беше придружуван од сопартијците Александар Николоски и Никола Попоски, се разговарало за евро-атлантската интеграција на Балканот, постигнување на стабилност и за глобалните предизвици со кој се соочува регионот.
Освен Груевски, на состанокот присуствуваа поранешниот премиер и претседател на словенечката Демократска партија Јанез Јанша, Небојша Стефановиќ од Србија, поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, како и претставници од други политички партии.
