ВМРО-ДПМНЕ: Министерот Спасовски спроведува двојни аршини

08.06.2017 17:12

Според партијата, против полициските службеници кои не примениле сила при демолирањето, палењето и ограбувањето на канцеларијата на претседателот во центарот на Скопје немаше никаква постапка...

Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е врв на лицемерието и двојните аршини, реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, против полициските службеници кои не примениле сила при демолирањето, палењето и ограбувањето на канцеларијата на претседателот во центарот на Скопје немаше никаква постапка, а против полицајците кои на 27-ми април кои постапиле на истиот начин, сега се водат постапки.

На физичкото насилство му претходеше политичко насилство. Одговорност мора да има и за политичкото насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во писмената реакцијата бараат од Јавното обвинителство да не подлегнува на притисоците и заканите од СДСМ и да продолжи да постапува професионално, согласно Уставот и законите.