Учениците одат на распуст
Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средни училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29-ти јуни.

Денеска е последниот училиштен ден од учебната 2016/ 2017 година за околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци.
Полуматурантите месецов ќе се запишуваат во средните училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29-ти јуни.
Матурантите, утре ќе полагаат тест по странски јазик од државната матура. Традиционално, и годинава најголем интерес за англискиот.
На 12-ти се полага математика, а два дена подоцна ќе се полагаат биологија, хемија, физика, историја, филозофија и естетика.
Прелиминарните резултати треба да бидат објавени најдоцна до 14-јули.
Крајот на оваа учебна година помина без екстерно тестирање на учениците, кое по четири години примена, минатата недела беше укинато.
