Заврши сеидбата на оризот, најзастапени традиционалните сорти

09.06.2017 10:11

Најголемиот дел од оризпроизвидителите за оваа сеидба повторно ги користеа традиционалните домашни сорти иако последниве неколку години се покажа дека новите турски сорти даваат поголеми приноси. Годинава останува и проблемот со недостигот на вода кој ги преполови површините со ориз.

Земјоделците тешко се откажуваат од старите навики.

Годинава за сеидбата оризопроизводителите најмногу го користеа семенскиот материјал од домашно производство.

Повторно најзастапени се традиционалните сорти Монтичели, Сан Андреа, Монтеса и Глорија. На помали површини се насеаа и новите три турски сорти Халиобе, Гала и Ѓонен, кои од неодамна како семенски материал се произведиваат и во Македонија.

Во источниот дел од државатакаде што оризот најмногу се произведува, наместо 5.100 се насеани само 2.500 хектари бидејќи сушата и недостигот на доволни количества на вода во акомулацијата Калиманци беа причина да се преполоват сеидбениот план.

Во моментов во Калиманци има 78 милиони метри кубни вода, а за успешен крај на сеидбата на почетокот се користеа и водите на Оризарска, Кочанска и на Зрновска река.

 

Методија Трајков