Дождовите добри за вегетацијата

12.06.2017 10:16

Дождовите го надминаа повеќегодишниот просек. Наврнатите обилни количества во овој период според метеоролозите не се забележани со години. Иако задоцнија, врнежите сепак поволно ќе влијаат на земјоделските култури. Најкорисни се за пченицата која е во фаза на зреење на зрното.

Пoследните врнежи во некои подрачја го надминаа повеќегодишниот просек за овој период. За земјоделците сепак се добредојдени поради потребарта од влага во почвата за развој на пролетните и на градинарските култури, но и за есенската пченица која е во фаза зреење.

Водата е потребна и како заштита од евентуален топлотен удар и за целосно завршување на вегетацијата.

Стабилизацијата на времето во текот на оваа седмица со температури и над 30 степени ќе значи и создавање на поволни услови за пролетните култури на кои за развој им требаат и потопли денови.

Опасноста од појава на болести, штетници и плевели останува како предупредување за превземање соодветни мерки заради големата влажност на воздухот и почвата и високите дневни температури.

 

Методија Трајков